Оксфорд го победи Кембриџ во 167.издание на трката во веслање помеѓу овие Универзитети. Трката долга 6,8 километри, традиционално се одржа во водите на реката Темза.
Оксфорд, ја прекина низата од три победи, го победи Кембриџ прв пат по 2017 година. Резултатот во победи сега е 85:81 за Кембриџ, една трка завршила нерешено.
Петмина олимпијци веслаа за Оксфорд: Швајцарците Барнаби Деларз и Роман Русли, Американецот Лијам Кориген и Британците Енгус Грум и Чарлс Елвис. Во посадата беа уште и Британецот Дејвид Емблер, Австралиецот Џек Робертсон и Естонецот Тобијас Шредер.
Кормилар на посадата им бил Џек Тотем.
Оксфрод победи со време 16 минути и 42 секунди, што е трет најбрз резултат во историјата. Во целта Оксфорд имаше предност од две и пол должини на чамецот.
Во исто време се одржа и 76.трка во женска конкуренција. Петти пат во низа победи Кембриџ, со рекорд на патеката од 18 минути и 22 секунди.
Кембриџ води во победи со 46:30.