Џон Тери се врати на „Стемфорд Бриџ“ како консултант на тренерите, но признава дека неговата долгорочна цел е да стане менаџер на првиот тим.
Тери играше 19 години за сениорскиот тим на Челси откако произлезе од младинската академија на клубот, по што работеше како помошник на Дин Смит во Астон вила за да се врати во својот стар клуб оваа година.
„Да, мојот сон е да станам менаџер на Челси. Секако, кога си дете, сакаш да играш во првиот тим. Кога си тренер, сакаш да си на клупата, така што долгорочната цел е да се стане менаџер на Челси. Да, малку е чудно тоа да се зборува за тоа бидејќи има некој на таа позиција, но јас кажувам за нешто што може да се случи за 10 или 15 години. Но, морам да имам крајна цел. Се надевам дек ќе се случи, но треба многу работи да одат во моја корист“, вели Тери, кој освои пет титули од Премиерлигата и трофеј од Лигата на шампионите со „сините“.