Враќањето на Формула 1 на патеката Алберт Парк покрај Мелбурн овој викенд ќе биде одбележана со рекордни четири ДРС зони, најавувајќи интересна трка по битката на Шарл Леклер и Макс Ферстапен на претходната трка во Саудиска Арабија токму околу ДРС-зоните.
Претходно, Ф1 користеше три ДРС зони на патеката, но патеката е продолжена оваа година, во која првпат ќе има Ф1 трка во Австралија од 2019 година поради пандемијатта на КОВИД. И покрај тоа што ќе имаа четири ДРС-зони, ќе има детекција на само две точки на патеката – првата по десната шеста кривина, која ќе служи за ДРС-зоните помеѓу 8. и 9. кривина и помеѓу 10. и 11, кривина, и втора зона пред претпоследната кривина, која ќе биде за зоната на стартно-целната рамнина и рамниот дел помеѓу втората и третата кривина.
ДРС-системот (drag reduction system) или „подвижното задно крило“ се активира кога возачите се во една секунда зад болидот кој го „бркаат“ и донесе до интересна ситуација во Саудиска Арабија кога Леклер и Ферстапен се обидуваа да ја искористат зоната за активирање да добијат предност.