Top Sport

Џек Грилиш ќе биде првиот спортист спонзориран од „Гучи“

Ѕвездата на Манчестер сити, Џек Грилиш е пред потпишување на договор за спонзорство со луксузниот италијански производител „Гучи“, откако стана најскапиот британски фудбалер во историјата со трансферот од 100 милиони фунти од Астон вила.

26-годишниот Грилиш има огромна популарност во Велика Британија, поради настапите за англиската репрезентација, но и неговата долгогодишна врска со девојката Саша Етвуд, која ги полни страниците на таблоидите.

Според „Атлетик“, „Гучи“ одлучиле дека стилот на Грилиш совршено одговара на нивниот бренд и тој ќе склучи милионски договор за да стане првиот спонзориран спортист на италијанската компанија, која вообичаено се рекламира преку славни актери и пејачи.

Scroll to Top