Герет Бејл, очекувано, ќе замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната, но уште не е направена одлука за неговата иднина, потврди неговиот агент Џонатан Барнет.
Барнет инсистира дека Велшанецот го сака Мадрид и дека заминувањето нема да биде лесно, но потсети на обвинувањето дека тој е „паразит“ од страна на спортскиот весник „Марка“. Бејл пристигна на „Бернабеу“ од Тотенхем во 2013 година и најдобрата форма ја имаше под Карло Анчелоти, кој повторно е на клупата на „кралевите“, но оваа сезона е одбележана со повреди и со слаба форма – тој има само два настапи за клубот од август.
„Бејл заслужува достојно збогување со клубот, и не уште не одлучил каде ќе продолжи. Секоја чест за претседателот Флорентино Перез, кој секогаш беше лојален и му даваше поддршка на Бејл. Но, критиките не сопреа. Тој зборува шпански, тој беше среќен во Мадрид, каде што пристигна како млад човек, неговите деца се родени тука, тој донираше многу пари на шпанските болници и секогаш го сакал клубот. Паразити се тие кои зборуваат лошо за него“, вели Барнет во интервју за „Депортес куатро“.