Актуелниот европски првак, Челси, вечерва ќе го пречека Реал, во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.
Реал и Челси играа и минатата сезона, полу-финалето им припадна на „сините“, кои подоцна ја освоија титулата.
„Мислам дека овој натпревар нема да има никаква сличност со дуелот од минатата година. Најголемиот дел од овој тим на Реал учествуваше во освојувањето на трите титули во Лигата на шампионите (2016, 2017, 2018). Имаат големо искуство, знаат како се играат вакви натпревари“, рекол менаџерот на Челси, Томас Тухел.
Челси, по санкциите воведени кон се уште актуелниот сопственик, Роман Абрамович, се соочува со многу проблеми.
„Трпиме удари од сите страни. Видовте, викендов загубивме од Брентфорд. Меѓутоа момците се подготвени, верувам дека ќе излезени како победници по овие два натпревари“.
Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“, ќе започне во 21 часот.