Top Sport

Интер имаат големи планови во летниот преоден рок

Интер има големи планови во летниот преоден рок. На „Џузепе Меаца“ се кројат плановите како да се засили напаѓачката линија.

„Газета дело Спорт“, тврди дека Интер ќе се обиде да го донесе Паоло Дибала и да го врати во клубот Ромелу Лукаку.

Според овој извор, Лукаку, бил во постојана комуникација со клупските челници и поранешните соиграчи. Наводно сите во клубот имале жалба Белгиецот да се врати во Интер.

Минатото лето, Лукаку за сума од 113.000.000 евра замина во Челси.

Покај обесштетувањето што би требало да го платат, проблем за Интер може да претставува и платата на Лукаку. Белгиецот во Челси годишно заработува 12.500.000 евра, додека Интер можат да му понудат максимална плата од 7.500.000 евра.

Со Дибала ситуацијата е поинаква. Аргентинецот како слободен играч ќе го напушти Јувентус. Неговата плата, се шпекулира со сума од 10.000.000 евра ќе биде обезбедена со продажбата на еден или двајца играчи.

Scroll to Top