Top Sport

Лејкерс подготвуваат чистка, прв од клубот ќе „лета“ тренерот

Лос Анџелес Лејкерс доживеаја целосен дебакл во сезоната, во која според прогнозите беа втори фаворити за освојување на шампионската титула. „Езерџиите“, за неколку ден аќе заминат на одмор, откако по поразот од Финикс, останаа без шанси да играат на плејин турнирот.

Дебаклот ќе предизвика големи промени во тимот, прв кој ќе замине ќе биде тренерот, Френк Вогел.

Тренерот кој во 2022 година успеа да ги однесе Лејкерси до шампионската титула, оваа сезона не успеа да се избори со повредите на главните играчи и се чини преголемиот број ѕвезди во екипата.

Американските медиуми веќе шпекулираат со името на неговиот наследник.

Според овие извори најблиску до клупата на Лејкерси е актуелниот тренер на Јута Џез, Квин Снајдер.

Снајдер ја предводи Јута од 2014 година, со овој тим бележи одлични резултати, добил 59 отсто од натпреварите.

Втор фаворит е тренерот на Филаделфија, Док Риверс, човек кој неколку сезони седеше на клупата на Лос Анџелес Клиперс.

Според медиумите доколку Снајдер се пресели во Лејкерси тогаш е можно Риверс да стана тренер на Јута. Во случај Снајдер да остане во Јута, тогаш Риверс ќе биде тренер на Лејекрси.

Scroll to Top