Top Sport

Рангник во Јунајтед ќе работи шест дена месечно

Германскиот фудбалски работник, по завршувањето на сезоната, нема повеќе да биде менаџер на манчестер јунајтед. Тој ќе остане во клубот и ќе работи како консултант.

Рангник, во декември минатата гофина ја презеде функцијата од Оле Гунар Солскјер. Тогаш се договори со клупските челници, да биде менаџер до крајот на сезоната. Во овој момент не е познато каква ќе биде функцијата на Рангник, бидејќи за фудбалските операции се задолжени Џон Мору, Дарен Флечер и Мет Џаџ.

Медиумите во Англија објавија дека тој има договор со Манчестер јунајтед дека ќе работи само шест дена во месецот. Тоа значи дека за две години, колку што ќе трае неговиот договор, тој вкупно ќе одработи 144 дена.

Она што е чудно, и покрај тоа што е донесен да работи како консултант, никој во клубот не го консултирал околу изборот на новиот менаџер. Главни фаворити за функцијата на која се га се наоѓа Рангник се Ерик тен Хаг и Маурицио Покетино.

Scroll to Top