Швајцарија играше без емоции и без брзина, вели тренерот Владимир Петковиќ, откако неговата репрезентација загуби со 1:0 од Шведска во осминафиналето.
Како шесторангирани на ФИФА листата и со само еден пораз од Евро 2016, Швајцарците беа фаворизирани во дуелот со Шведска, но не импресионираа на теренот.
„Сакавме многу, многу повеќе. Швеѓаните го направија точно тоа што им беше потребно да не победат. Ние моравме да бидеме подобри, но тоа не се случи“, вели Петковиќ, кој имаше шанси да ја однесе Швајцарија во прво четврт-финале од 1954 година.
Швајцарците имаа многу повеќе посед на топка, но беа премногу предвидливи и не најдоа „дупка“ во шведската одбрана. Додавањата на Гранит Џака беа неефикасни, исто како и нафрлувањата на Рикардо Родригез, кои лесно беа „чистени“ од шведската одбрана.
„Сакавме да играме на крилата, но бевме преспори и со лоши додавања. Емоциите си поиграа со нас. Швеѓаните се силен тим, но можевме да ги победиме“, додава Петковиќ.
Фото: ЕПА