Светската фудбалска федерација (ФИФА) преку соопштение демантираше дека ќе има промени на должината на фудбалските мечеви на Светското првенство во Катар по најавите во светските медиуми дека претседателот Џани Инфантино бара начин да се зголеми „ефективниот фудбал“ во фудбалот.
Приказната се појави по посетата на Инфантино на Фиренца, по што италијанските весници, во прв план „Кориере дело спорт“ објавија дека ќе има продолжување на мечевите до 100 минути за да се оствари минималното потребно време во кое има „ефективен фудбал“.
„По дел од извештаите и шпекулациите, ФИФА сака да разјасни дека нема да има промени на правилата за должината на фудбалските мечеви на Светското првенство во Катар и на ниту едно друго натпреварување“, се вели во објавата на ФИФА.
FIFA Statement
Following some reports and rumours spread today, FIFA would like to clarify that there will be no changes to the rules regarding the length of football matches for the FIFA World Cup Qatar 2022™️ or any other competition.
— FIFA Media (@fifamedia) April 6, 2022