Францускиот интернационалец Жереми Тото нема да му биде на располагање на тренер на Вардар, Давид Дејвис, за дуелот против Бутел Скопје во плеј-офот. Тој доби суспензија од Дисциплинската комисија при РФМ за дуелот со Еурофарм Пелистер 2 во Битола.
Според член 114. од Дисциплинската комисија, играч или друг член на тимот кој ќе навреди официјални лица ќе биде суспендиран. Во претходното коло, капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, исто беше казнет поради напад на судиите за време на мечот со првиот тим на Еурофарм Пелистер.