Top Sport

Лајпциг се „извлече“ против Аталанта, Феенорд и Славија со лудо 3:3 реми

РБ Лајпциг не успеа да ја искористи предноста на домашен терен, одигрувајќи 1:1 со Аталанта во првиот меч од четврт-финалето во Лига Европа, најавувајќи интересен реванш во Бергамо. Во првото четврт-финале од Конференциската лига Европа пак, Славија Прага пропушти 1:2 водство во Ротердам, за на крајот да се врати за 3:3 реми со Феенорд.

Луис Муриел уште во 17. минута од мечот ги донесе Аталанта во водство, по што Ред бул добија совршена шанса за израмнување во 57. минута кога беше досуден пенал. Меѓутоа, обидот на Андре Силва беше одбранет од Хуан Мусо, за веќе во следниот напад, Давиде Запакоста да си постигне автогол за израмнување.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

РБ Лајпциг – Аталанта 1:1

Брага – Ренџерс 21.00 ч.

Ајнтрахт Франкфурт – Барселона 21.00 ч.

Вест хем – Лион 21.00 ч.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Феенорд – Славија Прага 3:3

Бодо/Глимт – Рома 21.00 ч.

Лестер – ПСВ Ајндховен 21.00 ч.

Олимпик Марсеј – ПАОК 21.00 ч.

Scroll to Top