Лорис Кариус, голманот кој остана запаметен по кошмарната ноќ во Киев во дресот на Ливерпул, покажа дека времето кое не го поминува на голот на „црвените“ го троши за градење на импресивна мускулатура.
28-годишниот Германец беше прв голман на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите во 2019 во Киев, кога негови две грешки помогнаа Реал Мадрид да победи со 3:1 и оттогаш нема заиграно за тимот на Јирген Клоп, иако уште е под договор.
По оваа ноќ, тој потпиша договор за двегодишна позазјмица во Бешикташ, но го раскина договорот во мај 2020 по проблеми со исплатата на неговата плата. Минатата сезона тој бранеше за Унион Берлин, но одигр само 5 меча, за оваа сезона да остане како четврт избор во Ливерпул зад Алисон Бекер, Каомин Келехер и Адријан Лопез.
View this post on Instagram