Пораншниот помошник тренер во Њукасл јунајтед, Џорџ Ормонд, прогласен е за виновен за сексуално злоставување на 18 млади фудбалери, објавија британските медиуми. Педофилот, Ормонд, кој има 62 години, сексуално злоставувал момчиња во периодот од 1973 до 1997 година.
Судот го прогласил за виновен Ормонд по 35 точки од обвинението. Тој бил ослободен од само едно обвинение, откако еден повозрасен фудбалер на Њукасл сведочел дека не бил сексуално злоставуван.
„Многу од жртвите, како млади фудбалери, зависеле од него. Тој ги искористил нивните сништа за да ги злоставува сексуално. Им благодариме на сите фудбалери што покажаа храброст и сведочеа против него“, порачал судијата.
Се уште не е познато колака казна ќе добие Ормонд, но според медиумите тој ќе добие долгогодишна затворска казна.