Навивачите на Челси, покрај тоа што се загрижени што ќе биде со клубот по ерата на Роман Абрамович, се разочарани со двата катастрофални порази во низа, од Брентфорд во Премиерлигата и од Реал Мари во ЛШ, и еден од виновниците беше „пронајден“ на социјалните мрежи – Мејсон Маунт и неговата навика да ја „мести својата фризура“.
Англискиот репрезентативец постојано е забележуван со раката низ својата коса, и дел од лутите навивачи поставија неколку видео-компилации со вакви ситуации, дел од целата сезона, а дел само о мечот со Реал Мадрид.
Еден од креаторите на видеото порача дека Маунт е сигурен добитник на „Салон д’ор“. Против Реал Мадрид посебно ги налутија две ситуации – прво при нафрлањето и обидот на Ромелу Лукаку, како и еден дел од средината на теренот.
Mason Mount vs Real Madrid – Run it back? pic.twitter.com/fVcpBaV8qb
— Mount Out (@MountOut10) April 7, 2022
Mason Mount hair flicks highlight @masonmount_10 @MountOut10 pic.twitter.com/vUZWcztgM2
— StopThatMasonMount (@StopThatMount19) April 8, 2022