Top Sport

Јанта Волеј КВ и Работнички во финалето на Купот на Македонија

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ и на Работнички ќе играат во финалето на 29. издание на Купот на Македонија. Во денешните полуфинални натпревари на завршниот турнир во Кавадарци, Јанта Волеј КВ во четири сета го совлада тимот на Наковски Волеј, а Работнички на идентичен начин ја совлада Струмица.

Финалниот натпревар е закажан за утре од 16 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

ПОЛУФИНАЛНИ РЕЗУЛТАТИ – КУП НА МАКЕДОНИЈА

Наковски В. – Јанта Волеј КВ 1:3 (21:25, 25:16, 18:25, 23:25)

Струмица – Работнички 1:3 (25:12, 16:25, 19:25, 17:25)

Scroll to Top