Фенербахче стигна до 2:0 победа над лутиот ривал Галатасарај во таканареченото „Интерконтинентално дерби“ помеѓу двата клуба кои се наоѓаат на азискиот, односно европскиот дел од Истанбул.
Словенецот Миха Зајц во 26. минута упати убав удар по долгата акција на Фенербахче за водство на домаќините, а победникот беше решен во 68. минута кога Сердар Дурсун го удвои водството.
Победата ги носи Фенербахче на второто место на табелата со 59 поени, далечни 13 зад лидерот Трабзонспор, додека лошата сезона на Галата продолжува – тие се само на 14. место на табелата со 41 поен.
Standings provided by SofaScore LiveScore