Ако се исполни бомбастично најавуваниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус, тој добро знае како е да добиеш аплаузи од публиката во Торино, вели шпанска „Марка“, која извади интервју од април во кое Португалецот јасно зборува за „старата дама“.
Роналдо во април доби аплаузи во Италија откако постигна неверојатен гол со „ножички“ против Јувентус во 3:0 победата во четврт-финалето од ЛШ, по што изјави дека секогаш ги ценел Јувентус.
„Ова беше еден од најубавите моменти во мојата кариера. Кога луѓето на стадионот на Јувентус, каде што играле толку големи фудбалери ќе ви аплаудираат, мора да прифатите дека тоа е нешто вредно. Среќен сум бидејќи Јувентус секогаш бил клуб што сум го сакал, од моето детство. Кога од нив ќе добиеш такви аплаузи, тоа останува во вашето срце. Грацие!“, изјави тогаш Роналдо.
Фото: ЕПА