Поранешниот претседател на Валенсија, Мигел Сорио, потврдил дека сака да го купи клубот од „Местаља“ и дека најголем конкурент му е газдата на чалси, Роман Абрамович.
Абрамович го продава Челси, откако британската влада му го замрзна имотот, поради врските што ги има со рускиот претседател, Владимир Путин.
„Петер Лим во Лондон се обиде да ја продаде Валенсија за 250.000.000 евра, но не успеа. Неодамна на медиумите им откри дека има две понуди за Валенсија, една од мене и уште една од рускиот олигарх од Челси“, изјавил Сорио.
Абрамович се надева дека ќе го продаде Челси за 4.000.000.000 фунти.
?⚽?| Breaking Tori: Roman #Abramovich don make offer to buy Spanish team, #Valencia.
Hin don withdraw hin interest from Göztepe.
~@PlazaDeportiva via SportWitness#CIP #romanabramovich pic.twitter.com/a1wquIDdNb
— Chelsea in Pidgin (@cheIseainpidgin) April 10, 2022