Речиси 420.000 фанови ја гледале трката во Формула 1, изминатиот викенд во „Алберт парк“, во Мелбурн, соопштија организаторите.
Станува збор за рекордна посета во Формула 1. Исто така ова е една од најголемите посети на спортски настан во историјата.
Организаторите објавија дека Ф1 викендот го гледале 419.114 навивачи.
Трката во Австралија, според гледаноста, го надмина викендот во Остин, Тексас минатата година. Лани во Остин Ф1 викендот го гледале 400.000 луѓе.
Мелбурн, оваа година се врати во календарот. Поради пандемијата на коронавирусот во 2020 и 2021 година Мелбурн не организираше трки.