Top Sport

Тихомир Костадинов ги скина лигаментите на коленото

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов се здоби со тешка повреда на коленото. Фудбалерот за врска на Пјаст Гливице ги скина лигаментите на коленото на натпреварот против Горник Лежна во полското првенство.

Костадинов ќе мора да замине на операција, а потоа следи и долг рехабилитациски процес од најмалку осум месеци.

Ова е лоша вест и за селекторот Благоја Милевски. Тихомир Костадинов сигурно нема да биде во националниот тим на јунските натпревари од Лигата на нации и ќе ги пропушти дуелите против Бугарија, двапати против Гибралтар и против Грузија од 2 до 12 јуни.

Scroll to Top