Top Sport

Евертон тргнуваат по Јери Мина

Евертон понудиле 24 милиони евра на Барселона за услугите на нивниот колумбиски бек Јери Мина, кој иако не блесна за „Блауграна“ оваа сезона, ги покажа своите квалитети на Мундијалот.

23-годишниот Мина постигна три гола во три настапи за Колумбија, која беше елиминирана од Англија во осминафиналето, и ова го импресионирало новиот шеф на „карамелите“, Марко Силва, да се обиде да го донесе во Англија, тврди порталот „Гол“.

Иако во првичните разговори била позајмица за 2 милиони евра, Барселона се подготвени за разговори, а веќе имаат искуство со Евертон, откако го продадоа Жерард Деулофеу пред да го вратат минатата година.

Мина стартуваше само шест пати во Ла лига и во Копа дел Реј минатата сезона со вкупно 377 минути на теренот. Со Колумбија тој беше поуспешен, иако не играше на првиот натпревар на репрезентацијата во Русија против Јапонија.

Евертон уште немаат направено ниту еден трансфер оваа сезона, додека ги продадоа Вејн Руни и Рамиро Фунеш Мори.

Фото: ЕПА

Scroll to Top