Кошаркрите на Бруклин Нетс изборија место во плејофот во НБА лигата. Бруклин, изминатата ноќ славеа победа над Кливленд Кавалирс 115:108. Бруклин, во првата плејоф рунда ќе играат против Бостон Селтикс.
Бруклин до победата над Кливленд ги предводеше Кајри Ирвинг со 34 поени, 13 асистенции и три скока. Ирвинг промаши само три шута од поле (9/9 за два, 3/6 за три, 7/7 слободни фрлања).
Кај Бруклин уште се истакнаа Кевин Дурент со 25 поени и 11 асистенции, Брус Браун ос 18 поени и Андре Драмонд со 16 поени.
Ист број на поени како Ирвинг кај Кливленд постигна Даријус Гарланд, ветеранот Кевин Лав забележа 14 поени и 13 скока.