Top Sport

Тухел: Судијата и Анчелоти се смееја по завршувањето на натпреварот

Горд и разочаран е Томас Тухел по елиминацијата на Челси од Лигата на шампионите. „Сините“, во Мадрид имаа предност од 3:0 до 82.минута, кога Родриго успеа да погоди и да го однесе натпреварот во продолжение. Во дополнителниот период Бензема го постигна вториот гол за Реал со кој тимот од Мадрид го елиминира европскиот првак.

„Покажавме храброст и квалитет. Ние сме посебен тим“, рекол Тухел и дополнил.

„Бев разочаран на крајот, судијата добро се забавуваче со Карло Анчелоти. Сакав да се ракувам со него, а тој се смееше и се забавуваше со противничкиот тренер. Мислам дека е погрешно да се однесува така веднаш по последниот свиреж. Кога судијата се смее и се забавува со другиот тренер тоа е лоша порака. Му го кажав тоа“.

Scroll to Top