Вечерва ќе биде комплетирана листата на учесници во полу-финалето, во Лигата на шампионите. На програмата се реванш натпреварите Атлетико Мадрид-Манчестер сити и Ливерпул-Бенфика.
Ливерпул, со една нога се веќе во полу-финалето. „Црвените“ првиот натпревар во Лисабон, против Бенфика, го добија со 3:1. Во фудбалот се можно сите сценарија, но тешко дека Бенфика може да направи сензација на „Енфилд“.
Подобриот од оваа пресметка во полу-финалето ќе игра против Виљареал.
Многу поголема неизвесност се очекува на „Ванда Метрополитано“. Сити, реваншот против Атлетико ќе го започне со предност од 1:0.
Сигурно е дека не очекува голема борба и ново тактичко надмудрување помеѓу Диего Симеоне и Пеп Гвардиола.
Реал Мадрид во полу-финалето го чека победниот од овој натпревар.