Златан Ибрахимовиќ продолжува да ги тероризира голманите во американската МСЛ лига.
Ибрахимовиќ, постигна спектакуларен гол за ЛА Галакси против ДЦ Јунајтед (2:2), со кој го отвори резултатот.
Поранешниот шведски репрезентативец, со прекрасен волеј удар ја „скина“ мрежата на противникот.
За Ибрахимовиќ ова беше десетти гол во дресот на клубот од Лос Анџелес и она што е поважено ова беше неговиот 500.гол во кариерата.
Тимот на Ибрахимовиќ на крајот освои бод, иако во 25 минута имаше предност од 2:0.