Top Sport

Кари го пропушта првиот меч со Денвер

Најдобриот играч на Голден стејт Вориорс, Стеф Кари, ќе го пропушти почетокот на плејофот. Кари, поради повреда на стапалото, го пропушти финишот од регуларниот дел на сезоната.

Голден стејт во првата плејоф рунда ќе играат против Денвер Нагетс. Кари се рехабилитира од повредата, но најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар.

Кари се повреди на 16.март, против Бостон Селтикс. Тој ќе пропушти последните 12 натпревари во сезоната. Стручниот штаб и тренерот Стив Кер пред мечот со Денвер ќе реши дали Кари ќе игра.

Според американските медиуми мали се шансите тој да се појави на теренот. Првиот натпревар Вориорс и Нагетс ќе го одиграат во недела рано наутро по средо-европско време.

Scroll to Top