Тренерот на Барселона, Чави Ернандез смета дека Реал Мадрид немаат ист притисок да играат добро на секој натпревар за разлика од неговиот тим.
Ова доаѓа откако Мадрид се „провлече“ во полуфиналето на Лигата на шампионите против Челси, иако губеше со 0:3 и му беа потребни продолженија за да стигнат до 2:3 пораз за вкупна 5:4 победа. Чави смета дека неговиот тим нема привилегија да игра лошо, бидејќи се почитуваат принципите на легендарниот поранешен играч и тренер, Јохан Кројф.
„Ние во Барселона гледаме кон историјата на тимот. Кога пристигна Кројф, постави одредени основи за добра игра. Да се победи со добра игра. Такви сме ние Каталонците, и така живееме фудбал. Не знам како е во Реал Мадрид. Тие имаат спектакуларен конкурентен ген, но Барселона е поинаква приказна. Ние се Барса. Имаме обврска да победиме и да играме убаво. Не е вредно да победиме со 1:0 во 90. минута. Затоа нема споредби, Барса е најтешкиот клуб во кој најмногу се бара“, вели Чави.