Лесно е да прославуваш со стотина свои сонародници во пабови, на плоштади или на стадиони. Пробај тоа да го направиш во „непријателска“ локација опкружен со ривалски фанови.
Еден англиски навивач го направи токму тоа. Во видео од еден бар во близината на стадионот на Спартак во Москва, каде што се играше осминафиналето помеѓу Англија и Колумбија, тој слави лудо помеѓу дваесетина колумбиски навивачи.
Моментот кога Ерик Даер го постигна победничкиот гол во пенал-серијата, Англичанецот ја кине својата јакна опкружен со разочарани Колумбијци. Секоја чест.