Една од најдобрите фудбалски школа во Македонија, Форца, станува филијала на поранешниот европски првак, Црвена Звезда. Познатиот македонски ас Јовче Џипунов, кој е сопственик на школата, ја официјализираше соработка со младинската фудбалска школа на Црвена Звезда од Белград и во следните четири години најголемите таленти од Форца ќе имаат можноста да заминат во српскиот клуб, а тренерите ќе добијат дополнителна можност за едукација во Белград.
На склучувањето на соработката во Скопје присуствуваа Никола Јелиќ, главен тренер и координатор на младинската школа на Црвена Звезда, како и Срѓан Кариќ, главен скаут на школата.
Во Скопје во иднина ќе се организира и фудбалски камп на Црвена Звезда кој ќе биде во организација на Форца.