Top Sport

Србија ќе гради „Национален стадион“ во Остружница

Србија, конечно, ќе добие Национален стадион во Остружница, во белградското предградие Чукарички, потврди српскиот министер за финансии, Синиша Мали.

Проектот ќе го дизајнира „Фенвик Ирабирен“, а изградбата ќе почне до крајот на годината, а Србија ќе плати околу 150 милиони евра за изградбата.

„Не се работи само за стадионот, туку за вложување во спортската инфраструктура, по што ќе можеме да конкурираме за домаќинство на некое Европско или Светско првенство. Стадионот треба да има 60.000 седишта, за да можат да се организираат и финални натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа“, изјави Мали.

Scroll to Top