Top Sport

Савичевиќ: Хрватска ќе игра финале, Србија беше оштетена

Славниот Дејан Савичевиќ, кој сега е претседател на Фудбалскиот сојуз н Црна Гора, верува дека Хрватска ќе игра во финалето на Мундијалот во Русија, бидејќи има огромен квалитет.

„Половината од ждрепката каде што се Хрватска, Шведска, Русија и Англија има еден фаворит според тоа што го покажаа досега, и тоа е Хрватска. Нивниот квалитет е неоспорен и мислам дека ќе играат во финале. Во другата половина, жал ми е што Белгија или Бразил ќе испаднат сега. Ако Кавани не игра, Франција е апсолутен фаворит“, вели Савичевиќ во изјава за Црногорската ТВ.

Савичевиќ имаше коментар и за настапите на српската репрезентација, посебно за контроверзниот меч со Швајцарија, во кој Србите се жалеа на недосуден пенал.

„Нема подобар пример за кражба од тој натпревар. Да решеше судијата од Германија да ги погледне снимките ќе досудеше пенал над Митровиќ. Кој знае што ќе се случеше ако имаше пенал на 1:1“, додава Савичевиќ.

Scroll to Top