Ерик Тен Хаг ќе биде новиот тренер на Манчестер јунајтед. Актуелниот тренер на Ајакс планира голема реконструкција на тимот. Англиските медиуми тврдат дека во неговиот Јунјатед ќе нема место за Кристијано Роналдо.
„Дејли мејл“, во својот текст пишува дека Тен Хаг, најмногу промени ќе има во офанзивната линија на тимот. Наводно, Јунајтед се интересира за Хари Кејн како опција за шпицот на нападот и Ентони од Ајакс како латернатива за позицијата десно крило.
За Роналдо нема место во тимот, проблем за Јунајтед е што Португалецот има договор до 2023 година. Тешко е дека Роналдо ќе прифати да биде резерва, но во исто време веројатно нема да се откаже од големата плата.
Според овој извор, соиграчите му биле лути што не игра одбрана и што е себичен во одредени ситуации. Навивачите пак го обожуваат, неколку важни натпревари Роналдо реши сам со своите голови.
Од почетокот на сезоната, Кристијано Роналдо, има постигнато 18 голови.