Наполи сака да го задржи во своите редови најдобриот стрелец во историјата на клубот. Договорот на Дрис Мертенс истекува на 30.јуни, Наполи сака да го задржи, но за значително помала плата.
Мертенс наскоро ќе наполни 35 години, но се уште е значаен играч за тимот. Медиумите шпекулираат дека Наполи ќе му понудат 1.500.000 евра по сезона. Досега тој заработуваше 4.000.000 евра годишно.
Мертенс во Наполи пристигна во 2013 година, има одиграно 391 натпревар, постигнал 145 гола.
Наполи, по завршувањето на сезоната ќе остане без капитенот Лоренцо Инсиње, тој како слободен играч ќе се пресели во Торонто.