Тренерот на Сент Етиен, Паскал Дупраз, предизвика вистинска бура во француската јавност, откако на фудбалерите им го забранил рамазанскиот пост. Дупраз сметал дека постот влијае врз нивните перформанси на тренинзите и натпреварите.
Сент Етиен, најтрофејниот француски клуб, оваа сезона се бори за опстанок во Лига 1. Девет играчи, од кои шестмина се стандардни во првиот состав, постат, тоа се: Бубакар Фал, Зајду Јусуф, Адил Аучиче, Ријад Бидебуж, Билал Бенкедим, Сада Тиуб, Ромаин Хамоум и капитенот Вахби Казри.
Дупарз смета дека постот е причината што неговите играчи во минатото коло загубија од Лириен со 6:2 и тоа откако имаа предност од 2:0. Најмногу критики добил капитенот Казри.
Сент Етиен се наоѓа на 18.место во Лига 1, со 27 бода, еден помалку од Клермон и три од Лориен.