Top Sport

„Модриќ ќе ја заврши кариерата во Реал“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, рекол дека Лука Модриќ кариерата ќе ја заврши во овој клуб. Модриќ има договор со Реал до крајот на сезоната, засега клубот не му понудил нов, а според медиумите два клуба се заинтересирани за него.

„Лука ќе ја заврши кариерата овде, во Реал. Не знам кога ќе се случи тоа, но тоа е желба на клубот и на фудбалерот. Нема да има никакви проблеми околу новиот договор. Лука е како Паоло Малдини“, рекол Анчелоти пред утрешното дерби против Севилја.

Модриќ е играч на Реал од 2012 година, во септември тој ќе наполни 37 години.

Scroll to Top