Мартин Мирчевски ја најави победата на ТСЦ над Чукарички во Белград. Во првото плејоф коло, во српската Супер лига, екипата од Бачка Паланка го победи Чукарички со 3.2, со гол постигнат во 93.минута.
Победата на ТСЦ ја најави Мирчевски со убав гол во 36.минута. За Мирчевски ова е втор гол оваа полусезона за ТСЦ.
Чукарчки израмни преку Ракоњац во раната фаза на второто полувреме. Ѓаковац ја врати предноста на ТСЦ во 64.минута, која уште еднаш ја поништи Ракоњац.
Конечниот резултат го постави Ѓаковац во 93.минута. Напаѓачот на ТСЦ ја искористи катастрофалната грешка на младиот голман на Чукарички, Мичовиќ.