Top Sport

Ливерпул го победи Манчестер сити – Два гола на Мане

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Манчестер сити со 3:2 и се пласираа во финалето на ФА купот. Ливерпул по пауза од 10 години ќе се бори за пехарот во најстарото фудбалско натпреварување во светот.

Ливерпул, го декласира Сити во првото полувреме, во овој период ги постигнаа головите.

Конате ја отвори серијата во деветтата минута, потоа Мане искористи катастрофална грешка на голманот Стефен, а точка на брилијантното прво полувреме на „црвените“ стави Мане кој погоди со волеј удар.

На стартот од второто полувреме Грилиш го намали резултатот. Потоа Габриел Жесус не реализираше две добри шанси. Драма внесе голот на Силва во 91.минута. До крајот играчите на Сити имаа две солидни шанси но немаше промена на резултатот.

Ливерпул во финалето ќе игра со победникот од утрешното полуфинале Лестер-Кристал Палас.

Scroll to Top