Top Sport

Циципас ќе ја брани титулата во Монте Карло

Стефанос Циципас ќе ја брани титулата на мастерсот во Монте Карло. Во второто полуфинале на турнирот Циципас го победи Александар Зверев со 6/4, 6/2.

Мечот на централниот терен во Моне карло траеше 75 минути. Во првиот сет Гркот два пати пати имаше предност, на 5:3 сервираше за освојување на сетот, Зверев успеа да се врати но во наредниот гем Циципас успеа да поведе со 1:0.

Во вториот сет тенисерите беа рамноправни до резултатот 2:2, потоа Циципас врз четири гема и го доби мечот.

Цицпас титулата ќе ја брани против Алехандро Давидович-Фокина. Финалето ќе се одигра во недела од 14.30 часот.

Scroll to Top