Top Sport

Реал под еден услов ќе го дозволи трансферот на Роналдо

Раководството на Реал Мадрид е подготвено да го продаде Кристијано Роналдо во Јувентус за 100 милиони евра, но само под услов, тој прв да ја објави одлуката дека го напушта Мадрид.

Клубовите постигнале согласност уште во јануари, а последниот збор околу реализицијата ќе ја има првиот човек на Реал, Флорентино Перез.

Перез и Реал се обидуваат да ги избегнат обвинувањата дека го продале својот најдобар играч, што значи дека Португалецот ќе мора прв на јавноста да и ја соопшти веста дека негова е одлуката да замине од Реал.

Кристијано Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во 2009 година од Манчестер јунајтед. Реал за него плати 94 милиони евра.

Шпанските и италијанските медиуми, претходно објавија, дека Роналдо на 7.јули ќе ја има официјалната промоција во дресот на Јувентус.

Доаѓањето на Роналдо во Јувентус ќе го дефинира тимот што го предводи Масимилијано Алегри за новата сезона. Наводно, Паоло Дибала, би можел да замине од Торино и да се пресели кај Јирген Клоп во Ливерпул.

Scroll to Top