Top Sport

МЗТ направи луд камбек, па падна во продолженија во финалето на АБА2

МЗТ Скопје Аеродром имаше херојско враќање од -20 негатива по првата четвртина против Златибор Чајетина во финалето на АБА2 лигата, но на крајот потфрлија во продолжението и загубија со 78:73. И покрај поразот, „металците“ од следната сезона ќе настапуваат во главната АБА лига.

Златибор имаше неверојатен старт на мечот со 10:2 предност, за на крајот на првата четвртина да водат со неверојатни 31:11. Сепак, МЗТ успеа да се врати на 12 разлика (57:45) на полувреме, за полека да ја надополнуваат разликата и со серија од 11-0 да поведат со 63:62 во последната четвртина. До крајот на мечот се играше израмнето, а МЗТ пропушти напад за победа, пред во продолжението, српскиот тим да стигне до победа.

Војдан Стојановски имаше 14 поени за МЗТ, Дејвис и Николов додадоа 12, додека за Златибор најефикасен беше Кутлешиќ со 33 поени.

Фото: АБА2

Scroll to Top