Top Sport

ФИФА парично ја казни Хрватска

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), парично ја казни Хрватска поради невообичаениот пропуст на натпреварот против Данска.

Фудбалскиот сојуз на Хрватска ќе мора да плати 70.000 швајцарски франци, бидејќи Хрватите рекламирале пијалак на неовластен производител.

Само една компанија го има ексклузивното право на ФИФА за рекламирањи и само тие производи можат да се забележат на натпреварите на Светското првенство.

Голманот на Хрватска, поради истакнување на лични пораки, не е казнет, туку само добил усна опомена од ФИФА.

Хрватска наредниот меч на Светското првенство ќе го игра утре од 20 часот против Русија.

Scroll to Top