Реал Мадрид имаа 0:2 негатива по само 25 минути од гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“, за да се вратат за импресивна 3:2 победа со која се одвојуваат на 14 пред Севилја на врвот на табелата во Ла лига.
Иван Ракитиќ во 21. минута постигна убав гол од слободен удар за водство на Севилја, за само четири минути подоцна Ерик Ламела да зголеми на 2:0. По ваквиот старт, Реал ја контролираше играта, и во 50. минута преку замената Родриго намали на 2:1.
Во 76. минута, Реал израмнија преку Винисиус Жуниор, но по долга пауза за ВАР проверка, голот беше поништен поради играње со рака. Повторно клучен човек беше фудбалер кој сасмо што влезе во игра, кога Начо Фернандез во 83. минута израмни на 2:2, за во драматичен фииш, Карим Бензема во 92. минута уште еднаш да ја смести топката во мрежата на домаќините по одличниот пробив на Родриго.
C'est le joueur le plus décisif de la planète, le roi, c'est son année. Karim Benzema est en train d'offrir la Liga au Real Madrid.pic.twitter.com/R8weAf5gvX
— Ballon Rond (@ballonrondfc) April 17, 2022