Top Sport

Ајнтрахт го откупи Хауге од Милан

Ајнтрахт Франкфурт, по сензационалната победа во Барселона, не успеа да слави во Бундес лигата во дуелот со Унион Берлин.

На четири кола до крајот на сезоната во германија, Ајтрахт има 11 поени повќе од Штутгарт кој се наоѓа на позицијата која води во баражот за опстанок во Бундес лигата.

Бидејќи до крајот на сезоната меѓу себе ќе играат Штутгарт и Херта, тоа значи дека Ајтрахт обезбеди опстанок, што автоматски ја активира клаузулата за опткуп на договорот на Јенс Петер Хауге.

Норвежанецот оваа сезона ја мина како позајмен играч на Милан. За позајмицата Ајнтрахт платија 2.000.000 евра, за откупот на договорот ќе мора да издвојат 8.000.000 евра. Преку бонусите, Милан исто така заработија 2.000.000 евра.

Милан ќе добие и 15 отсто од евентуалниот нареден трансфер на Хауге.

Италијанскиот тим за Хауге, пред две години, на Бодо им плати 4.800.000 евра.

Во првата сезона Хауге постигна пет гола, одигра вкупно 25 натпревари за Милан.

Scroll to Top