Бразилецот Касемиро ќе го пропушти утрешниот натпревар на Реал против Осасуна. Касемиро е повреден, поради што под знак прашалник е и неговиот настап против Манчестер сити.
Касемиро, поради жолти картони не играше во неделата против Севилја. Тренерот Анчелоти на неговата позиција го стави младиот Камавинга, кој не успеа да одговри на предизвикот, Севилја по првиот дел водеше 2:0. Откако Камавинга го напушти теренот, а на позицијата на која редовно игра Касемиро застана Валверде, играта на Реал доби на цврстина и на крајот успеаја да победат.
Од клубот не соопштија за каква повреда станува збор, само дека Бразилецот нема да биде во тимот на гостувањето во Памплона.
Осасуна и Рела ќе играат утре од 21.30 часот.