Top Sport

Гвардиола „нема одговор“ на прашањата за Халанд

И покрај тоа што англиските медиуми веќе објавија дека работата е завршена и дека Ерлинг Халанд ќе биде нов фудбалер на Манчестер сити, и најплатен фудбалер во Премиерлигата, менаџерот Пеп Гвардиола за новинарите „нема одговор“.

Сити би ја активирале клаузулата од 75 милиони евра во договорот на 21-годишниот Норвежанец откако се договорија за личните услови, со неверојатна плата од 500.000 фунти неделно. Со ова тој би потпишал за клубот во кој играше и неговиот татко Алф-Инге Халанд.

„Немам одговор на вашето прашање. Немам одговор. Имам друга обврска и работа во мојата глава поважна од тоа да размислувам за следната сезона. Не знаеме што ќе се случи во иднината. Многу години не зборувам за трансферите, посебно  додека има натпревари за играње“, вели Гвардиола.

Сити се без вистински напаѓач по заминувањето на Серхио Агуеро, откако минатото лето не успеаја во обидот да го донесат Хери Кејн од Тотенхем.

Сити го договориле трансферот на Ерлинг Халанд

Scroll to Top