Top Sport

„Џипси кинг“ инсистира дека ќе се пензионира по мечот со Вајт

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури инсистира дека саботниот меч против Дилијан Вајт ќе биде неговиот последен, пред пресметката на „Вембли“ на која се очекува да има рекордни 94.000 гледачи.

Фјури во британската пресметка го брани ВБЦ појасот кој го освои по победата во трилогијата против Дионтеј Вајлдер, и иако многу боксерски фанови сакаат поинаков британски меч против Ентони Џошуа, 34-годишниот „Џипси кинг“ вели дека е време да се стави крај на 14-годишната кариера.

„Тоа е тоа! Да се стигне до добра победа во сабота навечер, да се опуштам и да уживам во животот. И уживам во секоја секунда. Ова беше долг пат, со многу работи во мојата кариера. Блиску сум до 34, 20 години како боксер, тоа е доволно за сите. Има доволно други работи кои би сакал да ги правам – да се грижам за децата и сопругата и да уживам со нив“, вели Фјури.

Фјури има 31-1-0 скор во својата кариера и 22 нокаути, и со победа би ставил крај на кариерата како непоразен шампион.

Scroll to Top