Фудбалерите на Фулам, на четири кола до крајот на сезоната, изборија промоција во Премиер лигата. Во 42.коло, Фулам го победија Престон со 3:0.
Со овој триумф Фулам остана недостижен за екипите кои се пласирани од третото до шестото место. До крајот на сезоната единствено може да ги престигне Борнмут, но тоа за нив не е важно бидејќи ја исполнија целта.
Фулам ја предводи Чемпионшип дивизијата со 86 поени.
Против Престон два гола постигна Александар Митровиќ. Српскиот репрезентативец дојде до бројката од 40 голови оваа сезона. Третиот гол го постигна Фабио Карваљо.
Фулам последните неколку сезони се претвори во „јо-јо“ клуб, односно клуб кој балансира помеѓу Премиер лигата и Чемпионшип дивизијата. Во 2018 година се вратија во Премиер лигата, 2019 година испаднаа од неа, 2020 повторно влегоа во друштвото на најсилните англиски клубови, а во 2021 повторно се вратија во Чемпионшип.
????? goals this season in the Championship for Aleksandar Mitrović ??
An absolutely unbelievable tally ?? pic.twitter.com/xYX70f2tSx
— LiveScore (@livescore) April 19, 2022