Top Sport

Кин: Ова не Јунајтед за кој јас играв, тројца играчи под итно треба да заминат

Поразите на Манчестер јунајтед долго време никого не можат да изненадат, но синоќешниот дебакл на „Енфилд“ одекна во фудбалскиот свет. Најмногу поради леснотијата со која Ливерпул ги победи „црвените ѓаволи“.

„Имам впечаток дека Ливерпул можеа да постигнат гол кога сакаат. На секој напад на Ливерпул во воздух висеше голот на Јунајтед“, изјави Рој Кин, легендарниот капитен на Јунајтед.

„На почетокот на сезоната чувствував бес и лутина, сега сум само тажен. Кога ќе го погледнете овој тим, гледате дека тука нема ништо. Немаат срце, немаат душа, немаат лидер. Тие немаат квалитет, сите останати се подобри од нив. Во клубот владее хаос од врвот до најниските структури. Навивачите сакаат нови газди, сакаат некој друг да дојде во клубот. Сакаат нов тренер и нови играчи. Тажно е да се гледа ова, ова не е клубот чии дрес го носев. Не гледам дека играчите излегуваат на теренот да се борат. Лингард велгува за Јунајтед да….Тој требаше пред две години да го напушти клубот. Не е доволно добар. Рашфорд во нападот игра како дете. Се обидуваме да му помогнеме на Мегваер, да му обезбедиме малку ПР, а последниот гол…Неговото додавање, начинот на кој се брани, тоа не е доволно за Јунајтед“.

Scroll to Top